Општина Ѓорче Петров годинава повторно ќе биде домаќин на дечињата кои ќе земат учество во Бадниковата поворка и ќе донесат голема радост пред христијанскиот празник Божиќ, раѓањето на Синот Божји – Господ Исус Христос, сподели првиот човек на општината Александар Стојкоски.
- Дечињата со весели коледарски песни ќе го најават празнувањето на големиот ден во христијанството, а ние ќе ги даруваме коледарчињата со бадникови пакетчиња, како што е традицијата. Учесниците од Ѓорче Петров ќе се соберат на 6 јануари 2025 година пред Општина Ѓорче Петров во 10:00 часот, по што со организиран автобуски превоз ќе продолжат кон градскиот плоштад и ќе се соединат со сите останати учесници од другите општини. По завршување на поворката, децата ќе бидат вратени во Општина Ѓорче Петров со истиот организиран превоз, истакна градоначалникот.
Стојкоски ги повикув граѓаните кои имаат желба да се придружат, со своите дечиња да бидат дел од Бадниковата поворка и заеднички да се радуваме на денот што ни доаѓа кога Божјата светлина го огреа светот.
- Да продолжиме на ваков начин да ги негуваме вековните традиции, нашите христијански вредности и во духот на заедништвото, да ги славиме овие празници, заедно и сплотени, вели Стојкоски.