Општина Ѓорче Петров подготвена за зимско одржување на локалните патишта и улици

Активирани зимските служби. 18 тони сол расфрлани низ критичните улици во општина Ѓорче Петров.

Комуналните служби навремено реагираа на првите врнежи од снег пропратени со минусни температури. Овозможено е непречено движење и сообраќање кон селата Никиштани, Кучково, Орман, Волково. Службите на  Град Скопје  ги расчистија главните сообраќајници низ општината кои се во нивна надлежност. 

Локалната самоуправа е подготвена за зимско оддржување на локалните патишта и улици.