Општина Ѓорче Петров обезбеди возило за потребите на градинката „Росица“

Општина Ѓорче Петров обезбеди возило за потребите на градинката „Росица“ кое од денес ќе може да се користи за транспортни услуги.

- Поради зголемениот обем на работа на градинката, но и со отворање на новиот клон „Сонце“ во Волково, се зголеми и потребата и од транспортни услуги на оваа установа. Наш приоритет секогаш ќе бидат најмалите жители, а тоа се нашите дечиња. Грижата за нив е наша основна обврска. Општина Ѓорче Петров веднаш излезе во пресрет. Нашето внимание е насочено кон зголемување на капацитетите на градинките, но и помош во однос на дополнителни проекти кои ќе го подобрат секојдневието на нашите дечиња и на образовниот кадар, информираше денеска првиот човек на општината Александар Стојкоски.