Општина Ѓорче Петров најави крводарителска акција - Покажете солидарност!

Во четврток во општина Ѓорче Петров ќе се одржи крводарителска акција во рамки на Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината.

Акцијата ќе се реализира во Центар за култура Ѓорче Петров, во периодот од 12:00 до 18:00 часот.

Од oпштина Ѓорче Петров ги повикуваат сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат кон акцијата и со својот придонес да помогнат во обезбедување доволни количества крв за пациентите на кои им е најпотребна.

– Со дарувањето крв, граѓаните директно придонесуваат за спасување човечки животи и покажуваат солидарност и хуманост кон заедницата, посочуваат од општината.