Општина Ѓорче Петров ќе го одбележи Денот на крстот во Кучково

Општина Ѓорче Петров утре кај крстот во с. Кучково ќе го одбележи традиционалниот Ден на крстот, што секоја година се одржува на 1 Мај.

Како што соопшти општината, за присутните граѓани на 13-от по ред народен собир, општината подготви богата програма што вклучува културно-забавен дел, дефиле на кинолошки и коњички клуб, спортски игри, како и настап на музичка група која ќе почне после 13 часот.

Воедно, ќе биде одржан и свечен молибден пред светиот крст, а за ручек ќе биде послужено традиционалното војничко гравче, се додава во соопштението од општината.