Општина Ѓорче Петров изготви програма по која ќе се чисти снегот и голомразицата

Во пресрет на зимата, во координација со претседателите на урбаните и месни заедници, Општина Ѓорче Петров изготви програма со која ќе се обезбеди олеснет пристап и движење во зимски услови.

– Кризниот штаб одреди динамика по која ќе се чисти снегот и голомразицата од коловозите, регистрирани се критичните точки, определена е механизација, зголемена е координацијата со Град Скопје, како и службите на ЈСП, “Македонија пат”, ЈП “Улици и патишта”. Приоритет при одржувањето ќе имаат улиците кон здравствените установи, училишта, градинки – информира градоначалникот Александар Наумоски.