Општина Ѓорче Петров и годинава со низа настани ќе го прослави Денот на општината, 20 септември

Општина Ѓорче Петров и годинава со низа настани ќе го прослави Денот на општината, 20 септември.

Според програмата на 18-ти во понеделник од 11 часот во Центарот за култура ќе се одржи изложба во соработка со НВО "Брашнар креативен проект" и изложба на цртежи на Димитар Аврамовски Пандиловски во Центарот за култура во спомен собата на Анте Поповски. Исто така во Центарот за култура од 12 часот ќе се промовира Стратегијата за родова еднаквост. Од 17 до 20 часот во уз"Даме Груев" ќе се одржи турнир во шах. Од 19 до 21 часот на истата локација ќе се одржи детски фестивал "Соната". На повеќенаменското игралиште кај надвозникот во 21 часот ќе се одржи финален турнир во мал фудбал "Ѓорче Петров куп 2017".

Наредниот ден во вторник на 19 ти септември на стадионот "Македонски лавови" ќе се отворат училишните лиги од 10 до 12 часот. Во реонски парк од 17 до 24 часот во Реонски парк ќе се одржи празничен панаѓур, видео проекција на перформанси од уметноста и отворање на манифестацијата "Денови на Општина Ѓорче Петров". На манифестацијата ќе настапат КУД "Поважен" од Р.Словачка, ќе има хумор со глумците Владо Дојчиновски, Ванчо петрушевски, Гоце Тодоровски. Публиката ќе ја забавуваат и естрадните уметници Анета и група Молика, Влатко Илиевски, Ристо Самарџиев, Симона Поповска и Влатко Лозаноски.

Во 9 и 30 мин ќе се одржи и традиционалниот училишен крос, а во 10 часот ќе се положат цвеќиња пред споменикот на патронот.

Во среда на 20 септември во Центарот на култура од 11 часот свечена седница ќе одржи Советот на Општина Ѓорче Петров по што ќе следува доделување на награди и признанија на фирми поединци и годишната награда "Ѓорче Петров".

Во 13ч и 30 мин во Реонски парк ќе се одржи празничен коктел, а од 17 до 24 часот ќе има културно уметнижка програма. Ќе има реприза на детскиот фестивал "Соната", настап на КУД "Глигор Прличев", настап на танцовиот спортски клуб "Бранимир и Бранкица", настап на фолклорна група на пензионери "Ѓорче Петров", настап на трио тенори "Џентлмен", настап на КУД од Скопје и ди џеј Панчо.