Општина Ѓорче Петров добива нова стратегија за заштита на животната средина

Во соработка со партнерите од општина Ново Брдо, Косово, во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров се одржа првиот јавен консултативен настан за почетокот во изработката на ЛЕАП-локален економски акциски план на општината.

Ваков стратешки документ во Општина Ѓорче Петров, информираат од општината, последен пат е изработен во 2005 година со важност до 2012 година.

- Овој проект кој е од исклучително значење за животната средина е проект од Програмата за прекугранична соработка, дел од IPA II-Програмата за прекугранична соработка, финансиран од Европската Унија. Основната цел на овој документ е да креира повеќегодишна стратегија и политики за заштита и унапредување на животната средина и природата. Процесот на негова изработка ќе трае неколку месеци, при што ќе се работи интензивно, континуирано и квалитетно, се појаснува во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

При изработката на ЛЕАП документотм најавуваат, ќе биде вршена и детална анализа на заедницата, а ќе се изврши анализа на проблемите во петте медиуми во животната средина (воздух, вода, отпад, почва и искористеност на земјиштето и природа). За да се постигне целта, односно да се изработи квалитетен и објективен документ, се подвлекува, потребно е во овој процес да се вклучат јавноста и сите чинители од локалната самоуправа, што беше целта и на настанот.

Општина Ѓорче Петров првпат во партнерство со општина од соседна држава започнува реализација на заеднички партнерски капитален проект, чие позитивно влијание е од регионална важност и значење. Изградбата на пречистителната станица во село Орман која е во почетна фаза е исто така резултат на овој проект.