Општина Ѓорче Петров аплицираше за нови проекти вредни 119 милиони денари

Општина Ѓорче Петров до Министерството за локална самоуправа поднесе проекти во висина од 119 милиони евра објави градоначалникот Александар Стојкоски на социјалните мрежи. Според него овие проекти имаат за цел значително да го подобрат квалитетот на живот во општината и да обезбедат модерна и функционална инфраструктура, информираат од општината.

„Конечно, имаме силен и посветен партнер за соработка. Со поддршката на Владата, сигурен сум дека ќе постигнеме историски успеси. Проектите од суштинско значење за жителите на Ѓорче Петров вклучуваат:

•Изградба на нова детска градинка во Дексион

•Изградба на локален пат Волково-Орман

•Пробивање на улицата „Социјалистичка Зора“ со Сремски Фронт

•Реконструкција на патот до училиштето во село Кучково

•Реконструкција на улицата „Николај Островски“

•Реконструкција на улиците „Вера Циривири“ и „Никола Вукмировиќ“

„Нашата визија за Ѓорче Петров е визија на амбиција, напредок и благосостојба. Секој од овие проекти е чекор напред кон подобра иднина“, додаде Стојкоски.

Општината се стреми кон:

•Реализација на капитални проекти

•Обезбедување модерна и функционална инфраструктура

•Подобрување на јавните услуги

•Развој на зелени површини и паркови

•Поддршка за образованието, детската заштита, културата и спортот

-Владината поддршка е клучна за успехот на овие проекти. Веруваме дека премиерот Христијан Мицкоски и неговиот тим ќе го препознаат нашиот ентузијазам“, напиша градоначалникот.