
Градонашалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека Општината и оваа година активно ја реализира својата Годишна програма за социјална заштита, организирајќи повеќе хуманитарни акции наменети за најранливите категории.
„Поддршката е насочена кон социјално загрозени семејства, самохрани родители, лица во социјален ризик, невработени и корисници на гарантирана минимална помош, со цел да им се олесни секојдневието и да се внесе надеж таму каде што е најпотребна“, истакна Стојкоски во објавата на Фејсбук.
Тој нагласи дека ќе родолжат со активности кои ја поттикнуваат хуманоста, заедништвото и меѓусебната поддршка.
„Веруваме дека празничната радост треба да биде достапна за сите. Како локална самоуправа, остануваме посветени на градење општество со еднакви можности, каде што никој не е заборавен. Хуманоста не е избор - таа е наша обврска“, порача градоначалникот.