Општина Гази Баба продолжува со изградбата на пешачките патеки, тротоари и скверови

Општина Гази Баба продолжува со изградбата на пешачките патеки, тротоари и скверови на територија на општината.

Во првата фаза се изработија тротоари со должина од околу 7 километри, а во втората фаза се планира изградба на тротоари во повеќе населени места, со вкупна должина од околу 2,3 километри. Вкупната инвестиција на проектот е 5.600.000 денари, а изведувач е фирмата ЈуБај2.

Градоначалникот Тони Трајковски изврши увид во градежните работи на пешачки патеки од павер елементи во населба Ченто.

Работната обиколка се одвиваше на две локации: на улиците „Јужноморавски бригади“ и „Среќко Пужалка“ како и на улицата „ Катлановска“ кај објектот „Синоличка“, кој е дел од детската градинка „25 мај“.

Градоначалникот упати апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите, бидејќи тие служат за пешаците и нивно безбедно движење.

 

cheap nike air max 90