Општина Гази Баба одбележа 50 години постоење со свечена академија

Општина Гази Баба одбележа 50 години од своето постоење со свечена академија, настан на кој беше одбележан половина век историја, развој и придонес на генерациите кои ја граделе и развивале општината.

Под мотото „Половина век растеме заедно“, јубилејот беше посветен на сите луѓе кои низ годините со својот труд, посветеност и идеи придонеле за развојот на Гази Баба, како и на заедничката визија за нејзината иднина.

Во изминатите пет децении општината поминала низ бројни промени, се развивале населбите, се реализирале проекти и се создале нови можности за жителите. Одбележувањето на јубилејот беше можност да се потсети на постигнатото, но и да се истакне значењето на заедништвото и продолжувањето на развојот.

На свечената академија присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како и пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска.

Од Општина Гази Баба порачуваат дека 50-годишниот јубилеј не е само потсетување на минатото, туку и поттик за нови проекти, идеи и активности насочени кон подобар квалитет на живот на граѓаните.

„50 години корени, 50 години раст, 50 години заедништво“ е пораката со која општината го одбележа овој значаен јубилеј.