Општина Гази Баба ќе донира 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата

Советот на општина Гази Баба денеска, на барање на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, ја оддржа четвртата седница.

Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија.

На седницата пред советниците се обрати градоначалникот Стефковски.

-Општина Гази Баба ќе донира 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата. Во мигови на голема тага и жалост во кои се наоѓа Република Македонија, хуманоста и солидарноста се најпотребни. Општина Гази Баба и нашите жители пред помалку од пет години бевме соочени со друг вид на несреќа која исто така одзема човечки животи и нанесе голема материјална штета. Во тоа време цела Македонија, соседните држави, организации и граѓани се обединија во солидарноста и хуманоста и подадоа рака за жителите на Стајковци, Црешево, Синглиќ и останатите населени места погодени од поплавата. Општина Гази Баба не заборава и затоа кога и на кого да е потребно, Општина Гази Баба ќе помага, рече Стефковски.