Општина Гази Баба ќе добие патека за биатлон

Општина Гази Баба ќе добие патека за биатлон во должина од 150 метри која ќе започне од тунелот во Камник и директно ќе се поврзе со стрелиштето во Камник.

Оваа патека е единствена во Македонија и ќе служи за тренинг на биатлонците пред европските и светски натпревари во летниот период.

На последните олимписки игри во Пјонг Чанг во Јужна Кореа како општина имавме свои претставник. Нашата Викторија Тодоровска ги бранеше боите на Македонија и општина Гази Баба, нашата поддршка за Викторија продолжува и во иднина.