Општина Гази Баба ќе дава субвенции за изградба на енергетско ефикасни фасади на зградите

Актуелниот градоначалник на Гази Баба и кандидат за уште еден мандат Бобан Стефковски го претстави петтиот проект од својата изборна програма за вториот мандат кој значи субвенционирање на изградба на енергетско ефикасни фасади за станбените единици.

Овој проект има три клучни цели:

- Намалување на трошоците за енергија – Со топлотна изолација, граѓаните значително ќе заштедат на греење и ладење. 

- Подобрување на квалитетот на живеење – Подобрена внатрешна микроклима и звучна изолација. 

- Заштита на животната средина – Помала потрошувачка на енергија значи и помало загадување. 

- Гази Баба мора да чекори напред со политики кои се и социјално одговорни и еколошки свесни. Ова е директна поддршка за вашите домаќинства, но и инвестиција во иднината на целата општина, порача Стефковски и потсети дека во текот на изминатиот период, веќе промовирале четири значајни проекти:

- НУЛА комуналии за изградба на станбени куќи за млади брачни парови до 29 години 

- Нова детска градинка во Хиподром 2 

- Центар за деца и лица со попреченост со индивидуален третман 

- Нова населба за индивидуално домување помеѓу Хиподром 2 и Трубарево.