Општина Гази Баба ќе дава финансии за реконструкција на лифтови во стари станбени згради

Општина Гази Баба објави Јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на лифтови во станбени згради. 

Поддршката се однесува на згради постари од 20 години, а поддршката која ја дава локалната самоуправа е до 50% од трошоците, но не повеќе од 275.000 денари;

Рок за пријавување е до исполнување на предвидениот буџет, но не подоцна од 30.11.2026 година.

- Поддршка за граѓаните – затоа што работиме за народот! Оваа мерка е директна помош за заедниците на сопственици и управителите, со јасна цел – подобри, побезбедни и пофункционални станбени згради.  Продолжуваме да инвестираме во квалитетот на животот и да создаваме решенија што им значат на граѓаните. За побезбедни и пофункционални згради – чекор напред за подобар живот, порача градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски. 

Јавниот повик може да се најде на следниов линк