Општина Гази Баба, СУГС “8 Септември”  и Центарот за меѓуетничка толеранција, заеднички ќе работат на обучување, квалификација и доквалификација на кадри од машинските, браварските и електро струките.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски посочи дека целта на овој проект е веќе школуваните ученици и оние кои завршиле средно стручно училиште а се невработени да се доквалификуваат и да се стекнат со неопходни знаења и вештини, каде што ќе добијат сертификат за своите вештини и образованието.

Според Георгиевски, на тој начин младите ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот а со тоа ќе им  се излеземе во пресрет на бизнис заедницата која што во моментот има недостаток од овие струки.  Со ова им се дава мотив и можност на учениците кои изучуваат стручни насоки, да добијат стручно знаење кое ќе им отвори можност за вработување.

Обуките ќе се одржуваат во машинските работилници при СГСУ “8 Септември” за да може овој центар да заживее.