Од 5 јуни во тек е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за граѓаните на општина Гази Баба за 2023 година.
-Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе купат високоефикасен клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди, информира градоначалникот Бобан Стефковски.
Оваа мерка за субвенционирање на граѓаните е уште една во низата проекти кои се реализираат во општина Гази Баба во насока на Заштита на животната средина.
Дополнително преку доделувањето на субвенциите се враќаат финансиски средства директно кон граѓаните.
-Општина Гази Баба реализира јавни повици за субвенционирање за набавка на инвертер клима уреди, печки на пелети, електрични тротинети, велосипеди, чистење на оџаци и вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата. Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат на јавните повици и да ги искористат субвенциите кои ги доделува општината, објави Стефковски.
Линк до јавниот повик: http://www.gazibaba.gov.mk/.../aven-povik-za-nadomestuva...