Општина Чаир го става на располагање Универзитетот “Мајка Тереза“ за образовна дејност без надоместок

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и Ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза“ Проф. Др. Азиз Положани потпишаа денес Договор за отстапување на користење на Универзитетот “Мајка Тереза“ на просториите за образовна дејност под сопственост на општината без надоместок и на неопределено време почнувајќи од 26.08.2019 година согласно Одлуката на Советот на Општина Чаир бр. 08-316/7 од 10.02.2017 година.

Во врска со ова, Градоначалникот Ганиу истакна: “Со овој акт ја докажуваме нашата спремност за максимална помош и поддршка на нашите универзитети за зајакнување на нивните просторни капацитети и во служба на квалитетен образовен систем. По ослободувањето на просториите со одлука на Државниот Универзитет во Тетово за затворање на дисперзираните студии во Скопје, сакам да искажам голема благодарност посебно до нив за нивниот придонес во целиот овој период. Студентите од последната генерација на ДУТ во Скопје кои ги имаат завршено предавањата и кои треба да го завршат циклусот на испити ќе ги имаат на располагање овие простории за одржување на испитните сесии, додека пак на раководството и на студентите на Универзитетот “Мајка Тереза“ им посакувам многу успех и користење на просториите кои им ги ставаме во располагање во служба на достојното претставување на нашите образовни вредности.“