Општина Центар: Жителите на Капиштец да ги остават пред зградите старите апарати за домаќинство и мебелот

Општина Центар информира дека во четврток, 22.02.2018 година ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Општината ги повикува жителите од 08:00  до  13:00 да ги изнесат старите апарати за домаќинство и мебелот и да ги остават пред влезовите на зградите.

Собирањето на кабастиот отпад е дел од кампањата на општината за ставање крај на комуналните проблеми и за чистење на Центар.

„Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да да го оствариме мораме да работиме сите заедно“, се вели во повикот до граѓаните да пријават комунални проблеми.

Пријавувањето се врши преку СМС порака или на вибер на телефон 076 313-387.

Во оваа кампања токму жителите ќе го имаат клучниот придонес за чистење на Центар.