Општина Центар започна со реализација на проектот „Училишни сообраќајни единици“

Поради зголемената грижа за безбедноста на учениците, општина Ценар реализира низа проекти, чија цел е зголемување на безбедноста на учениците при нивно доаѓањe и заминување од училиште.

Општина Центар во соработка со СВР – Скопје и со поддршка на „Америт сиз Македонија“ започна со реализација на проектот „Училишни сообраќајни единици“, соопштија од општината.

„Безбедноста на учениците е еден од главните наши приоритети. Имaјќи предвид дека најголем дел од нашите училишта се сместени на високо фреквентни локации, општината прави напори да ја зголеми нивната безбедност. Сакам да ја изразам мојата благодарност до СВР Скопје и до „АМЕРИТ сиз Македонија“ сообраќај, како општествено одговорна компанија која ни даде безрезервна поддршка за овој проект. Исто така очекувам долгорочно зголемување на безбедноста на учениците во рамките на европските стандарди на безбедност“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Членовите на училишната сообраќајна единица, информираат од општината обезбедуваат премин на учениците преку коловоз пред училиштата (исклучиво во присуство на наставник и службено лице од МВР), учествуваат во спроведување на сообраќајно воспитни акции, даваат информации на учениците во сообраќајот за објектите во чија близина ги извршуваат своите задачи, а и им укажуваат на учениците во сообраќајот на грешките што ги прават поради превентивно и воспитно делување.