Општина Центар во соработка со основните училишта организираше хуманитарен базар, проследен со хуманитарен концерт

Талентираните ученици од општинските основни училишта, со својот настап на концертот во среда на приустните гости во Домот на АРМ им ги разубавија новогодишните празници.


Општина Центар, во соработка со основните училишта, организираше хуманитарен базар, проследен со хуманитарен концерт. На базарот, дечињата од основните училишта изработуваа подароци, а присутните имаа можност со самото купување на производот да помогнат на оние наши сограѓани на кои најмногу им треба нашата помош.

Базарот и концертот поминаа во одлична претпразнична атмосфера, со многу дружба, песни и игра, а средствата собрани од настанот општината ќе ги искористи за помош на семејства со висок социјален ризик.

cheap nike air max 90