Општина Центар на итен координативен состанок со општинскиот Штаб за заштита и спасување и претставник на Центарот за управување со кризи одлучи да се вклучи во гаснењто на пожарите што беснеат на територијата на целата држава.
„Општина Центар активно ќе се вклучи со своите расположливи капацитети за одговор на катастрофата од пожарите што беснеат на територијата на целата држава. Во насока на ублажување на последиците и помош за спасувачките екипи и доброволците на терен, Општина Центар преку општествено одговорни компании ќе обезбеди донации на вода и освежителни пијалаци и нивен транспорт до местата каде што се наоѓаат екипите што интервенираат. Упатувам апел до сите граѓани совесно и одговорно да се однесуваат во природа и за време на претстојните празници, за кои нè очекува исто така многу топло време, и да избегнуваат правење на скара и палење на оган на отворено“, напиша градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.