Општина Центар по повеќе од 15 години го враќа стариот сјај на игралиштето “Партизан“

Привршува реконструкцијата на надворешното игралиште “Партизан“ во Дебар Маало, до Судот за прекршоци.

На игралиштето отстранета е старата и оштетена подлога и поставена е нова, асфалтна подлога со површина од 1050 м2.

На барање на граѓаните, на игралиштето изградена е и нова outdoor вежбална, со соодветни фитнес реквизити на кои граѓаните ќе можат да вежбаат и да се рекреираат.

Градежните активности се при крај и игралиштето ќе биде готово за неколку дена. За таа цел, општината и градоначалникот дополнително ќе ги поканат центарци од овој дел на општината на пригодното пуштање во употреба на реконструираното игралиште “Партизан“.