
По повод Светскиот ден на детето – 1 Јуни, во 10:30 часот во Ramstore Mall, ќе биде организиран весел и незаборавен настан посветен на најмладите, сподели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Со музика, танц, смеа, подароци и театарска претстава, заедно ќе создадеме ден исполнет со радост, детски насмевки и убави моменти“, истакна Герасимовски во објавата на Фејсбук.
Посочи дека посебна убавина на настанот ќе донесат и дечињата од градинките на Општина Центар, кои ќе настапат пред присутните и ќе ја збогатат атмосферата.
„Ќе ми биде особена чест да ги поздравам сите присутни и заедно да им посакаме на нашите деца среќно, радосно и безгрижно детство. Ве очекуваме“, нагласи градоначалникот.