Општина Центар, в петок, организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на „Боемска 1“.
„В петок, во 11 часот, почнува предновогодишно дружење со хорот ‘Златно славејче’ и хорот од ООУ ’11 Октомври’, при што ќе се изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан предвидено е обраќање на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен, кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата, велат од општината.
Во меѓувреме градоначалникот Горан Герасимовски ги повика сите граѓани на вечерниот концерт „Вечер под ѕвездите“кој ќе започне од 20 часот со македонските музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележа годината. Настанот ќе почне со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации ‘Нокаут’ ќе ги отпее хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на ‘Боемска 1’“, вели Герасимовски.