Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови во станбени згради

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови во станбени згради.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека целта на оваа поддршка е подобрување на условите за домување и зголемување на безбедноста на граѓаните.

Право на пријавување имаат заедници на сопственици од постари згради со потребната документација и одлука од мнозинството сопственици.

Повеќе информации, условите и потребната документација се достапни на веб-страницата на Општина Центар.