
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година, а со цел запознавање на граѓаните со уметничките, архитектонските, историските и другите вредности во општината, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“.
Во рамките на овој проект ќе се организираат посети со водич на најважните културни, архитектонски, историски и други вредности од културното опкружување во Општина Центар.
Учесниците на Јавниот повик потребно е да понудат минимум три посети на предложени локации со ангажирање на стручен водич, историчар на уметноста и кустос во областа на едукацијата.Тие исто така треба да предложат програма на посета на локации од интерес.
На овој повик можат да се пријават сите регистрирани здруженија, организации, правни субјекти и физички лица што делуваат во полето на културата и уметноста и се со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје.
Рок за поднесување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар-Скопје.
Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, Сектор за јавни дејности/Одделение за култура ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје, или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот со назнака: Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар “.
Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат. Проектите поддржани со овој Јавен повик се составен дел од Годишната програма за култура на Општина Центар – Скопје за 2025 година. Износот на финансиската поддршка на избраниот проект ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за култура и Буџетот на Општината. Вкупните средства за Јавниот повик за финансиска поддршка за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар “ изнесуваат 100.000,00 денари.
Учесниците на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по завршување на рангирањето на пријавите од Комисијата. Општина Центар – Скопје ќе склучи Договор за финансирање со субјектот чиј проект ќе биде избран на Јавниот повик.
Целиот повик со деталите можете да го најдете на следниот ЛИНК.