Општина Центар обезбеди пакети со храна за семејства во социјален ризик по повод Велигден

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска информираше дека во пресрет на велигденските празници, обезбедиле пакети со храна за семејства во социјален ризик во Центар.

„Ова не е еднократна акција – континуирано помагаме таму каде што е најпотребно, особено во празнични денови кога солидарноста значи најмногу“, истакна Герасимовски во објавата на Фејсбук.

Тој додаде дека верувал дека никој не треба да биде сам за Велигден.

„Да споделиме топлина, грижа и човечност“, порача градоначалникот.