
Советниците го усвоија Предлог-правилникот на Општина Центар за доделување еднократна финансиска помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме, информираше утрово градоначалникот Горан Герасимовски.
„Покрај институционалната поддршка што ја обезбедува Општина Центар, јас како градоначалник одлучив лично да донирам во солидарниот фонд, а ги повикав и советниците да го направат истото“, посочи тој.
Во вакви моменти, како што вели Герасимовски, најважно било да се покаже единство, одговорност и вистинска грижа за сограѓаните.
„Кога граѓаните се соочуваат со тешкотии, наша должност е да бидеме први што ќе помогнеме“, додава градоначалникот.