Општина Центар ја започна редовната пролетна дератизација - се третираат околу 2.000 шахти

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска информираше дека Општината ја започнала редовната пролетна дератизација на целата територија.

Во рамки на акцијата се третираат околу 2.000 шахти, каде се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари.

Герасимовски во објавата на Фејсбук посочи дека активноста се спроведува двапати годишно – во пролет и есен, како превентивна мерка за намалување на штетниците и заштита на јавното здравје.

„Препаратот што се користи е селективен и сертифициран од овластен производител“, посочува градоначалникот.