Општина Центар: Извинување за грубото однесување на двајцата комунални редари (видео)

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на јавноста и се извини за нехуманото и грубо однесување на редарите од Секторот за инспекциски работи во општината.

-Од мое име, и од име на општина Центар, се извинувам за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.

Веќе наредив да се преземат сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени во најбрз можен рок.

Сакам да нагласам дека ваквото однесување кон граѓаните нема да го дозволам, бидејќи и ние, избраните функционери, но и општинската администрација работиме и ќе продолжиме да работиме во интерес на сите жители на Центар – напиша тој.