Општина Центар и „Нула отпад“ ќе ја подигнуваат свеста за правилно собирање и селектирање на електронски отпад

Под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “ од 1-14 октомври во сите општински училишта на територија на општина Центар се поставени контејнери за ситен електронски отпад и отпадни батерии, а се организираат и едукативни работилници за управување со е-отпадот

„Денеска во ООУ „ Киро Глигоров“ се приклучивме токму на една таква работилница наменета за второоделенците, на која на забавен и интересен начин децата се едуцираа како да се постапува за електронскиот отпад.

Новитет во општината е и телефонската еко линија за сите жители во Центар кои можат да се јават на бројот 070 236 000 и нивниот електронски отпад да им биде преземен од дома“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот Горан Герасимовски

Оваа заедничката акција на општина Центар и „Нула Отпад“ се спроведува во пресрет на 14 Октомври-Меѓународниот ден на електронскиот отпад.