Градоначалникот на општина Центар објави дека денес е распишан јавниот повик преку кој 90 корисници во своите домови бесплатно ќе добиваат помош и поддршка од страна на стручни и обучени лица.
„Негувател - ги посетува 3 пати во неделата по 2 часа. Корисниците добиваат помош при извршување на основните домашните задачи и набавка на прехранбени намирници или лекови, Физиотерапевт - ги посетува 2 пати во неделата по 1 час. Корисниците добиваат физикална терапија односно масажа Социјален работник - ги посетува еднаш во месецот и се информира за потребите на корисникот од услугите вклучени во самиот проект.
Преку проектот помагаме нашите баби и дедовци да имаат полесна старост и среќни пензионерски денови“, напиша Герасимовски.