Општина Центар ги избра најдобрите трудови за идејно решение за новата општинска зграда

Општина Центар заврши со изборот на најдобрите трудови кои според градоначалникот Горан Герасимовски претставуваат иновативни и практични решенија што ќе придонесат за модернизација на општината.

„Трудовите покажуваат голем потенцијал за развој на современата и функционална инфраструктура, а наградените идејни решенија ќе бидат значаен поттик за идните проекти. Се надеваме дека новиот објект ќе стане центар на динамична и отворена комуникација за сите жители на Центар. Благодарност до сите учесници на конкурсот“, напиша Герасимовски.