Општина Центар донираше по повод празникот Курбан Бајрам

- На 137 семејства од муслиманска вероисповед од Маџир Маало, Крњево и Кале им поделивме пакети со прехрамбени производи и им го честитавме претстојниот Курбан Бајрам. Задоволство беше да се посетат семејствата во нивните домови и да се биде дел од нивните празнични подготовки - објави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.