Општина Бутел започнува со проектирање на секундарната водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека денес заедно со одговорните лица од ЈП „Водовод и канализација” направиле увид во Љубанци и Љуботен за почеток на проектирање на секундарната водоводна мрежа.

„Продолжуваме со реализација на проекти кои значат подобри услови за живот за сите наши граѓани. Заедно со Град Скопје, Министерството за транспорт и Владата овој проект ќе биде реалност и градска вода за пиење ќе стигне до секој дом“, истакна Костовски.

Тој посочи дека со започнувањето на проектната документација за секундарната водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, се прави важен чекор кон унапредување на водоснабдувањето и обезбедување современа и функционална инфраструктура.

Воедно градоначалникот додаде дека првата фаза напредува одлично и дека во рекордно време ќе биде завршен овој проект.