Општина Бутел со македонски музички ѕвезди ќе го прослави 18. роденден

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ги покани жителите на голема роденденска забава по повод 18 години од формирањето на општината.

Во четврток со почеток од 19 часот на паркингот на спортско рекреативниот центар Македонија во Радишани ќе се одржи забавата.

-Дојдете заедно да уживаме во песните на нашите македонски музички ѕвезди: Пајак, Таско, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, КУД Плетеница и хорот при ООУ Ацо Шопов, повика градоначалникот Костовски.