Oпштина Бутел со градежни активности во училиштата

Во ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, за време на зимскиот распуст, се реновира вториот кат во училиштето.

Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски во улилиштето се менуваат 22 врати на училниците и кабинетите, се реновира и главниот влез во училиштето каде што се поставува нов бетон со површина од 400 м2. Смилевски додаде дека активностите треба да завршат до 20 јануари, до почетокот на второто полугодие. Средствата во висина од 1 770 000 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Смилевски додаде дека првиот кат беше комлетно реновиран во текот на летото минатата година.Градоначалникот Смилевски додаде дека работна атмосфера владее и во ОУ ,,Ацо Шопов,, во Радишани. УСАИД овозможи помош за реновирање на одредени делови во ова училиште во висина од 20 000 долари.

Имено, до почетокот на второто полугодие ќе бидат заменети вкупно 26 врати. Најголемиот дел, 18 врати ќе бидат за училници, 4 врати и два прозори за соблекувалните во фискултурната сала,  две врати во тоалетите во соблекувалните, две влезни врати во топлиот ходник, кој ќе добие и нови  подни плочки.

Смилевски додаде дека во овие активности ќе се вклучи и Општина Бутел со комплетно молерисување на споменатите простории и ставање на нови плочки на ѕидовите околу водените јазли во училниците.