Општина Бутел се дави во отпад - Надлежните никој не ги видел

Бутел тоне во отпад, односно Визбегово е затрупано со смет, аод негрижата на властите се создава една дива депонија, од која што може да настанат несакани последици по наелението кое што живее во овој дел од градот.

Имено, со месеци отпадот се собира на оваа локација во Визбегово, граѓаните се револтирани, а локалните власти нигде ги нема.

Последно, според нашите информации жителите од оваа населба прават петиција, односно собираат потписи со цел на овој начин да издејствуваат кај локалните власти, односно во општина Бутел и кај градоначалникот Велимир Смилевски, со цел да постапи по истата и да го реши проблемот со оваа дива депонија која што се наоѓа токму на негова територија.