Општина Бутел продолжува со активности поврзани со Деновите на екологијата

Денеска, на петтиот ден од одбележувањето на Денот на екологијата, тема беа граѓанските еколошки здруженија на територијата на Општина Бутел, со наслов: ГЛОБАЛНО ГРАЃАНСКО ДВИЖЕЊЕ.

Денешни екомотиватори беа следниве четири граѓански еколошки здруженија: ,,Еко Логик,, Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина ,,Гоу Грин,, Сунелиус и Здружението за екологија ,,Це Про Сард,,

Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека граѓанските здруженија се важна алка во севкупното делување на институциите за зачувување на животната средина. Тие се мотиватори, иницијатори, организатори, критичари и чувари на зелената и чистата околина во која живееме и функционираме. 

По завршувањето на културно-уметничката програма на која настапија ученици од основните училишта во Општината и детската градинка ,,11 Октомври,, ќе бидат насадени и повеќе зимзелени садници.

Инаку, остануваат уште четири манифестации пред финалната во сабота.

- Климатски промени (ОУ ,,Лиман Каба,,) 26.03

- Енергија (ОУ ,,Панајот Гиновски,,) 27.03

- Храна (,,ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,,) 28.03

- Водите и почвата ( ОУ ,,Св. Климент Охридски,,) 
29.03

- Вози велосипед за почист Свет- завршна манифестација 30.03.2019, сабота, пред споменикот на НЈВапцаров.

Сите одбележувања ќе траат од 11,00 – 13,30 ч. и покрај учениците и дечињата од градинките учество ќе земат и родителите, односно граѓаните на Општина Бутел, а ќе бидат обезбедени и соодветни експерти за конкретните теми што ќе се обработуваат. На крајот ќе бидат наградени трите најуспешни тимови, најдобриот ,,еко стрип,, ќе се доделат пофалници, благодарници и планинарски ранци

cheap nike free run 5.0