Општина Бутел подели 45 прочистувачи на воздух за сите градинки во општината

Градоначалникот Велимир Смилевски додели 45 прочистувачи за воздух на ЈОУДГ „11 Октомври“ – Бутел .

Во борбата за почист воздух, приоритет на Општина Бутел се градинките и училиштата , со цел да се обезбеди поздрав и поквалитетен престој каде што најмладите го поминуваат најголемиот дел од денот.

Во изминатиов период беа набавени прочистувачи за воздух кои беа наменети за јаслените групи во градинките. Со ова, обезбедени се прочистувачи за воздух за секоја занимална во сите објекти кои се во склоп на ЈОУДГ „11 Октомври“