Општина Бутел почна со отстранување на поставената урбана опрема од јавните површини

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на социјалните мрежи соопшти дека општината почнала со отстранување на бесправно поставената урбана опрема на јавните површини. Тој додава дека Бутел заслужува и ќе има слободни јавни површини.

„Општинските служби ќе продолжат и натаму на терен за ги расчистуваат јавните површини.Апелирам до сите граѓани во било кое населено место доколку имаат забележано узурпации на јавните површини да поднесат пријава до општина. Никој не е над законот“, потенцира градоначалникот Костовски.