Општина Бутел, освен ранец и прибор за првачињата, ќе обезбеди и бесплатни униформи за сите ученици

За прв пат Општина Бутел ќе обезбеди униформа за секој ученик од општинските основни училишта. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

- Ова е уште една мерка во низата мерки кои се превземени во изминатиот период се со цел да се овозможат подобри и еднакви услови за сите. Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемените сметки и зголемените трошоци за живот Општина Бутел и јас како градоначалник одлучивме дополнително да ги помогнеме родителите, информира градоначалникот на општината Дарко Костовски. 

- Минатата година за прв пат од постоењето на Општина Бутел обезбедивме ранец и училишен прибор за секое прваче во нашите општински основни училишта. Со истата мерка ќе се продолжи и оваа година. Со низа проекти се обидуваме да ги ублажиме ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓа Република Македонија, порача Костовски.