Општина Бутел обезбеди ранче со училишен прибор и униформа за секое првачње

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека Општината обезбедила ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче.

„Првиот училишен ден е денот кога нашите првачиња го паметат и го поминуваат низ забава. И оваа година сите првачиња на 1 септември ќе добијат високо квалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор за непречен почеток на учебната година“, истакна Костовски, додавајќи дека првачињата во општинските основни училишта ќе добијат и униформи.

Овој училишен пакет, како што вели тој, имал за цел на родителите да им овозможи финансиско олеснување за кое би требало да издвојат околу 9.000 денари.

„Заедно со високо квалитетниот анатомски ранец овој пакет ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, моливи, острилка и гумичка. Инвестираме во квалитетно образование и подобри услови за нашите најмали. Создаваме средина во која секое дете ќе има можност да расте, учи и да го развива својот потенцијал“, нагласи градоначалникот.