Општина Бутел ќе ја реставрира црквата Свети Никола во Љуботен

Општина Бутел ќе ја реставрира црквата Свети Никола во Љуботен, изградена во 14. век. 

- Бутел има исторски духовни светилишта. Набрзо ќе се реставрира црквата св. Никола во Љуботен, изградена во 14 век. Таа е наше културно и духовно богатство. Одвоени се средсва од страна на министерството за Култура. Веднаш потоа ќе се зафатиме со уште еден веќе децениски проблем, со изградба на конакот во манастрирот св. Никола во Љубанци. Манастирот е обновен во 19 век. Исто така станува збор за национално богатсво, информираше градоначалникот Дарко Костовски. 

 Во целиот процес, како што соопшти Костовски, директно е вклучен премиерот Христијан Мицкоски, за што му упати посебна благодарност.