Општина Бутел ќе донира компјутери за ученици од социјално ранливи семејства

Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски вчера во сите основни училишта донираше компјутери, за учениците чии родители не можат да си дозволат да им ги купат, со цел да се надмине проблемот со следењето на онлајн наставата воведена со избивањето на корона епидемијата.

Од Општина Бутел информираат дека ќе бидат поделени 45 компјутери од кои 13 се донирани исправни стари комјутери во рамките на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“, 10 се нови донирани компјутери од Град Скопје, а 22 се лична донација на градоначалникот Смилевски.

Воедно ќе бидат поделени и пакети со храна за социјално загрозените семејства.