Општина Бутел ќе донира еден милион денари за настраданите во пожарот во Кочани

На иницијатива на градоначалникот Дарко Костовски одржана е вонредна седница на Советот на Општина Бутел на која имаше само една точка за доделување 1.000.000 денари финансиска помош на семејствата на настраданите во тешката несреќа во Кочани.

- Македонија е завиено во црно и секој од нас чувствува длабока тага и болка за трагично згаснатите 59 млади животи. Моите молитви се со семејствата на починатите и со повредените да заздрават што е можно побрзо. Немам зборови со кои можам да ја опишам оваа голема трагедија, но во овие мигови потребна ни е солидарност, сплотеност и секако одговорност, порача Костовски.