
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека Општината ќе додели спортски стипендии за најуспешните спортисти од Бутел.
„Одвојуваме рекордни 4.5 милиони денари за најуспешните спортисти. Општина Бутел е најспортската општина во Република Македонија. Тоа е неколку пати потврдено со врвни спортски достигнувања. Денес се распишува Јавен повик за доделување на спортски стипендии на спортисти на општина Бутел, којшто ќе биде отворен 15 дена“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук.
Општина Бутел ќе додели шест категории на стипендии:
Заинтересираните кандидати потребните документи треба да ги достават во архивата на општина Бутел, со назнака “Повик за доделување на спортски стипендии на спортисти на општина Бутел”.
Условите и критериумите за доделување на стипендијата се детално образложени во Правилникот и Јавниот повик.
„За транспарентноста на Јавниот повик е задолжена комисија составена од претставници на општинската администрација. Согласно Правилникот за доделување на стипендии, врвен критериум се постигнатите спортски резултати. Доделувањето на спортски стипендии е уште еден чекор за поддршка на спортистите и нашите надежи“, посочи градоначалникот.