
Општина Бутел и оваа година обезбеди еднократна финансиска помош за најранливите категории, информираше денеска градоначалникот Дарко Костовски.
Тој посочи дека оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2026 година.
„Мерката произлегува директно од мојата изборна програма која ја спроведувам во континуитет 5 години. Оваа поддркша се однесува на сите граѓани кои имаат здравствени проблеми како и сите ранливи категории кои имаат потреба за помош. Токму затоа, оваа поддршка е многу повеќе од финансиска помош, таа е подадена рака за секој и исполнување на дадениот збор“, истакна Костовски.
Постапката за аплицирање е иста како и изминатиот период. Целосната документација со пополнет формулар ги доставувате во архивата на Општина Бутел.
„Оваа поддршка за ранливи категории е дел од нашата стратегија да создадеме средина со еднаква можност за сите и секој еден да знае дека општината и јас како Градоначалник стоиме позади него“, додаде градоначалникот и воедно нагласи дека уште еднаш докажале дека зборот даден пред граѓаните не е само изборно ветување, туку обврска што ја исполнувале.